Денеска почнува судењето на обвинетите за трагедијата на загинатите во Кочани
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува денеска во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа, со голем број новинаркси екипи и роднини на загинатите во трагедијата,
На обвинителна клупа ќе седнат 35 физички лица, а обвинети се, поранешни градоначалници, министри, три правни лица, меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата опасност меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Обвинети се затоа што во периодот од 2012 до 16.3.2025 година во Кочани, Виница, Штип и во Скопје, како службени и одговорни лица, воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето.
Првообвинетите со употреба експлозивни материи – пиротехника во затворен простор предизвикале пожар во „Клуб Пулс“ во Кочани, на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, а поради пропустите на службените и одговорните лица, кои придонеле објектот со дозвола за лесна индустрија да функционира како угостителски …
Ова е воведот и суштината на обвинението против 34 физички и 3 правни лица кои се обвинети за Тешки дела против општата сигурност за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади луѓе, од кои 6 малолетни, а 210 лица беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…
Здружението на родителите на загинатите деца во…
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…