Денеска се празнуваат Преподобниот маченик Јован и другите со него
Тие се од обителта на свети Сава Осветен кај Јерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина, Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, туку откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа:
„Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето. Ако нè убијат овде, ќе бидеме убиени заради нашата љубов кон Христа, заради Кого и дојдовме да живееме овде.“
И откако вака одлучија невооружени ги дочекаа Арапите, како јагниња волци. Некои од нив Арапите ги убија со стрели, некои ги затворија во пештерата на светиот Сава, па наложија на влезот оган и ги задушија со чад. И така многумина од нив завршија како Христови маченици и се преселија во Царството на Оној Кого Го љубеа. Чесно пострадаа пред Велигден 796 година во времето на царувањето на Константин и Ирина, кога јерусалимски патријарх беше Илија. Дивите напаѓачи наскоро ги постигна праведна казна. На враќање кон своите шатори се испокараа и се испоубија меѓусебно. Ова се случи во 796 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…
Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички
Блажениот Теофил се родил од побожни родители…
Денес се празнува Светиот апостол Јаков
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи…
Денес се празнува Преподобна Пелагија
Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…
Денес се празнуваат Светите маченици Сергиј и…
Овие Свети и прекрасни маченици за верата…