Денеска се празнуваат Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Јерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22). По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). Како епископ во Солун се потруди многу и многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на Светиот апостол Павле (2Тим. 4, 10), а потоа епископ во Галија, каде маченички пострада за Христа во времето на Трајан. Свети Епенет, кого го спомнува Светиот апостол Павле (Рим. 16, 5), беше епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16, 7), епископ Панонски, се спомнува одделно, на 17 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал со пари од ЕУ: Во Грција…
Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за…
ВАШИНГТОН СО НОВИ ПАРИ ЗА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ…
Официјален Вашингтон додели 500 милиони долари за…
Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…
Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…
„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…
ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…