Денеска се празнуваат Светите маченици Евлампиј и Евлампија

t

Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан, некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот, ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина. За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог. По ова, судијата нареди и го биеја долго дури не го облеа крв, и го мачеа со долги, лути маки. Кога слушна за мачењето на својот брат, девицата Евлампија дотрча и самата, за заедно со брат ѝ да прими маки за Господ Исус Христос. И таа беше биена додека крв не ѝ излезе низ носoт и низ устата. Потоа ги фрлија во врела смола, па во вжарена печка, но тие со силата на името Христово и со знакот на Крстот го направија огнот безопасен. Најпосле, на Евлампиј му ја отсекоа главата, а светата Евлампија издивна пред отсекувањето. Тогаш беа погубени уште двесте христијани, коишто поверуваа во Христа гледајќи ги силата и чудата на свети Евлампиј и неговата сестра. Сите се овенчаа со маченички венци и преминаа во Небесното Царство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…

Денес се празнува Светиот маченик Луп

Овој свет маж беше слуга кај Свети…

Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…

Денес се празнува Светиот апостол Тадеј

Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…

Денес се празнува Светиот пророк Самуил

Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…