Денеска се празнуваат Светите маченици Маркијан и Мартириј

t

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин, Ариевата ерес којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, каде што Аријанците го удавија. Патријаршискиот престол го зазеде злочестивиот Македониј.

Во тоа време, кога Православието имаше пред себе две лути борби, една со незнабошците друга со еретиците, Маркијан и Мартириј се заложија за Православието со сета сила и одлучност. Маркијан беше чтец, а Мартириј ипоѓакон при соборната црква и под патријархот Павле беа патријархови нотари. Аријанците се обидоа најпрво да ги потплатат, а кога овие свети мажи го одбија тоа, тие ги осудија на смрт. Кога ги изведоа на губилиштето, ги воздигнаа рацете и Му се помолија на Бога благодарејќи Му за маченичкиот крај на својот живот: „Господи, се радуваме што од овој живот излегуваме со ваква смрт. Удостој нè да бидеме причесници на животот вечен, Ти Којшто нам Си ни живот!“ Тогаш ги приклонија своите глави под мечот и беа обезглавени, во 355 година. Над нивните чудотворни мошти подоцна во нивно име подигна црква свети Јован Златоуст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ќе ја обнови оштетената заштитна конструкција…

Оштетената заштитна конструкција над уништениот реактор во…

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот…

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче,…

ВМРО-ДПМНЕ: Воведени се нови 28 дестинации од…

Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна…

(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани,…

На натпреварот од четвртото коло на Првата…

Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута…

Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа…