Денеска се празнуваат Свети петнаесет Тивериополски маченици

t

За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата вера и не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Кон овие четворица притекнаа и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што беа презвитери, и Василиј и Тома коишто беа ѓакони, Јеротеј, Даниил и Харитон коишто беа монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сè и стана дел од овој добар чин на отците. Кога за ова дозна царот Јулијан испрати луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Но, бидејќи тие не сакаа да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш беа осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршија својот благочестив живот, нивните чесни тела многу денови стоеја зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запази недопрени и неповредени така што оние што ги гледаа го прославуваа Христа Бога. И по смртта, Мачениците вршеа големи чудеса, не само на месните жители, туку и надвор од границите на Тивериопол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…

Денес се празнува Светиот маченик Луп

Овој свет маж беше слуга кај Свети…

Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…

Денес се празнува Светиот апостол Тадеј

Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…

Денес се празнува Светиот пророк Самуил

Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…