Денеска се празнува Пренос на моштите на светите маченици Кир и Јован

t

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави Ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на светите Кир и Јован.

Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти на мачениците во Манутин и изгради таму црква, којашто им ја посвети на светите Кир и Јован. Од моштите на овие маченици се исцели од шкрофул Амониј, синот на александрискиот градоначалник Јулијан; некој Теодор од слепило; Исидор од Мајум се исцели од раскапување на црниот дроб; една жена Теодора од отруеност; некој Евгениј од водена болест. Сето тоа се случи во 412 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија,…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Артемон

Беше свештеник во Лаодикија во времето на…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ…

Се спомнува во книгата на Откровението како…

Денеска се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан,…

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…