Денеска се празнува Пренос на моштите на свети Јован Златоуст
Златна труба на православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане каде што умре како прогонет. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот светител, што сите посакаа Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го помрднат од местото сѐ додека царот не му напиша писмо на Златоуст молејќи го за прошка (бидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, беше виновна за прогонството на Свети Јован) и повикувајќи го да дојде во Цариград. Кога ова покајно писмо го положија на ковчегот, тој стана сосем лесен. При преносот мнозина болни што се допреа до ковчегот со моштите на свети Јован оздравеа. Кога Светителот го внесоа во црквата на светите апостоли и го поставија на патријаршискиот престол, тогаш маса народ од неговите усни слушна: „Мир на сите!“ Преносот на моштите на свети Јован Златоуст беше извршен во 438 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…