Денеска се празнува Преподобен Акакиј Синајски

t

Во својата славна книга Лествица, свети Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј беше искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот старец везден го укоруваше и го навредуваше Акакиј, а често и го тепаше, и на сите начини го измачуваше и малтретираше. Но, Акакиј не се жалеше и сето тоа го поднесуваше трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение.

Кога и да го запрашаше некој како живее, одговараше: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умре. Старецот го закопа и отиде да му се пожали на еден свет старец, велејќи: „Акакиј, мојот ученик, умре.“ „Не верувам“, одговори светиот старец, „Акакиј не е умрен.“ Тогаш обајцата отидоа на гробот на умрениот и оној свет старец повика: „Брате, Акакиј, умре ли?“ А послушниот Акакиј и по смртта послушен, одговори: „Не, оче, не може да умре оној што е послушен“.

Тогаш оној зол старец се покаја, се затвори во една келија близу гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го помина во покајание и во молитва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…