Денеска се празнува Преподобен Алипиј Столпник

t

Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но, желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алипиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоде крст и изгради храм во чест на светата Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години. Ни потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни ноќе долго време. Но, Алипиј мажествено се оградуваше себеси од силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија. Околу неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Светиот Алипиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен чудотворец за време на животот и после смртта. Поживеа повеќе од сто години и се упокои во Господа во 640 година, во времето на царот Ираклиј. Дел од неговите свети мошти, односно неговата чесна глава, се чува во манастирот Кутлумуш на Света Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв човечки случај на вирусот Шамонда потврден…

Француските здравствени власти го потврдија првиот документиран…

(Видео) Празни рафтови во земјата со најдобрата…

Италија, светски позната по својата кујна, се…

Штокер: Билатералните прашања не смеат да го…

Самит на лидери од Берлинскиот процес се…

Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…

Веб-страниците на владата и на министерствата беа…

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…