Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит
Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…
Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…
Денес се празнува Свети Аверкиј Рамноапостолен
Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј…
Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители.…