Денеска се празнува Преподобен Захарија
Син на Карион Египќанецот, којшто ги остави жената и децата и се замонаши, само синот Захарија го зеде со себе, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, Захарија се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата внатрешност.
На прашањето на свети Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестано се принудува себеси на заповедите Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече: „Ако човекот не се смири и понизи себеси, не може да биде монах!“ Беше големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…
Литија по улиците во центарот на Скопје…
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…