Денеска се празнува Преподобен Мартинијан

t

Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена, а тој виде дека има опасност да падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре солзи на очите и не уби во него секаква похот. Кога надојдоа други искушенија тој побегна на една осамена карпа сред морето и таму живееше. Но, кога при еден бродолом и на оваа карпа доплива една жена, тој скокна во морето за да се удави, но го дочека еден делфин и по Божја Промисла го изнесе на грб на брегот. Тогаш реши повеќе никаде да не се населува трајно, а постојано да патува. Така, за две години измина сто шеесет и четири града, исправајќи ги и советувајќи ги луѓето. Најпосле пристигна во Атина, и таму се упокои, во 422 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…

На овој ден се празнуваат два настани…

Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…

Литија по улиците во центарот на Скопје…

Денес се празнува Светиот маченик Созонт

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…

Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…

Денес се празнува Светиот маченик Луп

Овој свет маж беше слуга кај Свети…