Денеска се празнува Преподобен Сисој Велики

t

Родум Египќанец и ученик на свети Антониј. По смртта на својот голем учител, свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше свети Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Еден монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската…

Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…

Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители…

Денес се празнува Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи…

Денес се празнува Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…