Денеска се празнува Преподобен Јован Касијан

t

Овој голем духовник се роди во Рим од славни родители. Во младоста ги изучи сите светски науки, особено философијата и астрономијата. Потоа сиот се предаде на изучување на Светото Писмо. Посегајќи од доброто кон подоброто, и сакајќи сè поголем степен на совршенство, Касијан замина од Рим за Цариград за лично да го види и чуе светиот Јован Златоуст. Златоуст го поучи и го посвети за ѓакон. Откако многу се исползува со мудроста на Светиот Златоуст, се упати понатаму на Исток за уште повеќе да се поучува и усовршува. Најмногу се задржа во Египет, во Нитрија, меѓу прочуените духовни атлети, од кои се научи на вежбање во сите добродетели. Најпосле повторно се врати на Запад и се насели во градот Марсеј. Овде основа два манастири, еден машки и еден женски. На молба на монасите напиша повеќе списи од кои особено полезен за љубителите на духовниот живот е: „Осум книги за борбата против осумте главни страсти“. Особено важен е неговиот спис против еретикот Несториј. Касијан го напиша тој спис на молба на архиѓаконот Лав. Му послужи верно на Господа и се пресели во вечниот живот, во 435 година. Моштите на свети Касијан и денес почиваат во Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски

Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон…

Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…

Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски

По потекло благородник и близок роднина на…

Денеска се празнува Пренос на моштите на…

Се празнува на 8 февруари и под…

Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…

Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…