Денеска се празнува Преподобен Јован Касијан
Овој голем духовник се роди во Рим од славни родители. Во младоста ги изучи сите светски науки, особено философијата и астрономијата. Потоа сиот се предаде на изучување на Светото Писмо. Посегајќи од доброто кон подоброто, и сакајќи сè поголем степен на совршенство, Касијан замина од Рим за Цариград за лично да го види и чуе светиот Јован Златоуст. Златоуст го поучи и го посвети за ѓакон. Откако многу се исползува со мудроста на Светиот Златоуст, се упати понатаму на Исток за уште повеќе да се поучува и усовршува. Најмногу се задржа во Египет, во Нитрија, меѓу прочуените духовни атлети, од кои се научи на вежбање во сите добродетели. Најпосле повторно се врати на Запад и се насели во градот Марсеј. Овде основа два манастири, еден машки и еден женски. На молба на монасите напиша повеќе списи од кои особено полезен за љубителите на духовниот живот е: „Осум книги за борбата против осумте главни страсти“. Особено важен е неговиот спис против еретикот Несториј. Касијан го напиша тој спис на молба на архиѓаконот Лав. Му послужи верно на Господа и се пресели во вечниот живот, во 435 година. Моштите на свети Касијан и денес почиваат во Марсеј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…
Литија по улиците во центарот на Скопје…
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…