Денеска се празнува Светата маченичка Јулијана

t

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но, Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот на никомидиски епарх. Тогаш Јулијана му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера. На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаростен, татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но, Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не се допре до неа. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини машки и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на смрт со меч и света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство, душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е кој во руската пропагандна мрежа…

Странска мрежа на медиуми регистрирани во Македонија…

Вангард“ предупредува за Франција: задолжувањето станува сè…

Инвестициската компанија „Вангард“ предупреди на влошување на…

Нов пресврт во случајот „Ферфорд“: Уапсен британско-ирански…

Британската антитерористичка полиција уапси 27-годишен маж со…

Деко останува во затвор?! Отпочната уште една…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

САД трупаат огромна воена сила околу Иран:…

Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување…