Денеска се празнува Светиот апостол Ерма
Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече дека е тој Ангелот на покајанието којшто нему му е пратен за да го придружува до крајот на животот.
Ангелот му даде дванаесет заповеди: 1) да верува во Бога; 2) да живее во простота и невиност, да не злослови и да му дава милостиња на секого што проси; 3) да ја љуби вистината и да ја одбегнува лагата; 4) да го чува целомудрието во помислите; 5) да се учи на трпение и великодушност; 6) да знае дека покрај секој човек е поставен еден добар и еден зол дух; 7) да се плаши од Бога и да не се плаши од ѓаволот; 8) да прави секакво добро и да се воздржува од секое зло; 9) да Му се моли на Бога од длабочината на душата со вера; 10) да се чува од тагата, која е сестра на сомнежот и гневот; 11) да ги испитува вистинитите и лажните пророштва; 12) да се чува од секоја зла желба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Денес се празнува Светиот апостол Тадеј
Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…
Денес се празнува Светиот пророк Самуил
Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…