Денеска се празнува Светиот апостол Тимотеј
Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1-2). По маченичката смрт на свети апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител свети Јован Богослов. Но, кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него. Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум, незнабошците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа свети Тимотеј и го убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на светиот евангелист Лука и на светиот Андреј Првоповикан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…
Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички
Блажениот Теофил се родил од побожни родители…
Денес се празнува Светиот апостол Јаков
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи…
Денес се празнува Преподобна Пелагија
Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…
Денес се празнуваат Светите маченици Сергиј и…
Овие Свети и прекрасни маченици за верата…