Денеска се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

t

Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец, Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, кого го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш, одејќи во лов, тој подгони еден елен. По Божја Промисла, меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида што го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните два синa. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му – Теопистија, што значи боговерна, а нивните синови – Агапиј и Теопист. По Крштението, Евстатиј отиде на истото она место каде преку еленот му се беше јавило откровението и клекна да Му се заблагодари на Бога што го приведе кон познанието на Вистината. Во тој миг повторно му се јави глас Господов и му претскажа страдање за Неговото име и го укрепи. Тогаш Евстатиј тајно го напушти Рим заедно со своето семејство со намера да се повлече меѓу простиот народ и оттаму во тајност да Му послужи на Бога. Кога пристигна во Египет, веднаш навалија на него искушенија. Некој зол варварин му ја грабна жената, а обата сина му ги фатија ѕверовите и ги однесоа.

Но, набрзо варваринот загина, а овчари му ги спасија децата од ѕверовите. Евстатиј се насели во египетското село Вадисис и како селски наемник поживеа таму петнаесет години. Потоа нападнаа на римското царство варварите и цар Трајан жалеше што го нема храбриот војвода Плакида, којшто секогаш кога војуваше му носеше победа. И испрати царот двајца од своите офицери да го бараат големиот војвода низ целото царство. По Божја Промисла, тие офицери, некогашни другари на Евстатиј, дојдоа во селото Вадисис, го најдоа Евстатиј и го одведоа пред царот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. На патот назад кон Рим ја пронајде жена си и двајцата синови. Кога стигна во Рим, царот Трајан беше умрел, а на престолот беше Адријан. Кога царот Адријан го повика војводата Евстатиј за заедно да им принесат жртви на идолите, Евстатиј му кажа дека тој е христијанин. Царот го фрли на маки заедно со жената и со синовите. Но, бидејќи ѕверовите не им наштетија нималку, ги фрлија во усвитен метален вол. Третиот ден ги извадија нивните тела мртви, но неповредени. Така, овој славен војвода го даде и царевото на царот и Божјото на Бога и се пресели во вечното царство на Господа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фарс: Трамп бил вклучен во план за…

Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…

Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…

Американските власти откриле дека хакери успеале да…

Да не го мислите тука е: Ким…

Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…