Денеска се празнува Светиот маченик Луп
Денска се празнува Светиот маченик Луп.
Овој свет маж беше слуга кај свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот Максимијан, којшто дотогаш се имаше задржано во Солун, па заповеда и Луп да го мачат и убијат. Но, војниците што ги исукаа мечовите на Луп ги свртеа еден против друг и си зададоа тешки рани меѓусебно. Кога го фатија Луп, иако беше христијанин, сè уште не беше крстен, та Му се молеше на Бога некако да го устрои неговото Крштение пред смртта. Тогаш тој миг се излеа вода од облак врз Светиот маченик и така прими крштение одозгора. По големи маки, го убија и се пресели во Небесното Царство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес го погоди Тибет, загинаа 16…
Бројот на повредени во земјотресот со јачина…
Македонија била и си останува култ на…
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври…
Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички
Блажениот Теофил се родил од побожни родители…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно, во утринските часови ќе има…
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…