Денеска се празнува Светиот маченик Јакинт

t

Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но, Јакинт остана тврд како дијамант, велејќи му на царот: „Јас сум христијанин, Христа Го почитувам, Нему Му се поклонувам и Нему Му се принесувам како жртва жива самиот себеси“. Избиен, исплукан, истружен, овој свет маченик беше фрлен во затвор. На заповед на царот не му даваа да јаде ништо, освен од идолските жртвоприноси. Но, Јакинт тоа не сакаше да го јаде и за осум дена умре. Стражарите во затворот видоа двајца светли Ангели: едниот го покриваше телото на маченикот со својата пресветла облека, а другиот полагаше прекрасен венец врз неговата глава. И сиот затвор стана светол и миризлив. Момчето Јакинт пострада чесно во 108 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и…

Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј…

Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј

Роден е во Персија како незнабожец, во…

Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…

Во времето на царот Декиј имаше големо…

Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…