Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов
Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка – Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но, во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, сè како што е подробно опишано во Книгата Јов.
И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои. Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до стопалата и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и со парче ќерамида си го вадеше гнојот од раните. Но, не заропта на Господа, туку стрпливо докрај ги поднесе сите оние маки.
Затоа Бог му го врати здравјето и му даде многу поголемо богатство од претходното и пак му се родија седум синови и три ќерки, колку што ги имаше порано. Поживеа уште двесте четириесет и осум години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање коешто Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…
Денес се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј…
Во времето на царот Пров, во 3…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…
Литија по улиците во центарот на Скопје…
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…