Денеска е Св. пророк Јона – три дена престојувал во утробата на еден кит
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 септември.
Денеска е Св. пророк Јона.
Овој пророк живееше околу 800 години пред Христа и еден е од еврејските пророци. Посебно е важен зашто има една епизода од неговиот живот која е праслика на Христовото воскресение. Таа епизода Црквата постојано ја воспева во своите служби, особено во воскресните денови.
Се работи за Јониниот тридневен престој во утробата на еден кит и неговото избавување од утробата на китот, исто како што Христос три дена престојуваше во утробата на земјата и стана од мртвите, бидејќи земјата не можеше да го запре врутокот на божествениот живот.
За него може поопширно да се прочита во Книгата на пророк Јона, во Стариот завет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…
Се огласи сопругата на Александар Вучиќ: Нешто…
Сопругата на Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ, се…
Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во…
Европската интеграција на Србија и дијалогот за…
Екс директорот на ФБИ – Бонџино ги…
Поранешниот заменик-директор на ФБИ, Дан Бонџино, ги…
(Видео) Снег вее на Стража
Слаб снег во моментов провејува на планинскиот…