Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот
Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание.
Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина незнабошци. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост.
Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…