Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Теодот

t

Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата мудрост и доблеста го избраа за епископ, а тој со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја. Кога настана гонење на христијаните, во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки. Кога мачителот Савин го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на незнабожечките идоли, Теодот му одговори: „Да би ја знаел ти добрината на мојот Бог, на Кого се надевам дека заради овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот, и самиот би посакал да пострадаш за Него вака како јас“. Му удираа клинци во телото, а тој Му се молеше на Бога со благодарност; па мислејќи дека крајот му е близу, ги советуваше и ги поучуваше христијаните што беа околу него. Но, по Божја Промисла, царот Константин во тоа време објави слобода за христијаните и нареди да бидат пуштени сите што се под суд заради Христа. Тогаш го ослободија и овој светител и така изнамачен се врати на епископската столица во Киринија и поживеа уште две години. Потоа се упокои во Господ, Кому верно Му служеше и за Кого многу пострада. Земниот живот го заврши и замина во дворците Господови во 302 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Родена е во градот Тарс, од родители…

Денес е мал Велигден: На една недела…

Во недела е Томина Недела или Нова…

Денеска се празнуваат Светите девет маченици во…

Овие деветмина храбри маченици, во кои гореше…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ…

Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше…