Објавено на:

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него

t

Овој светител беше епископ во Камбанија Италијанска. Во времето на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сè трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон, Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверовите. Но, ѕверовите не ги ни допреа. Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда. Меѓу бројните чуда запаметено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ѝ беше умрел синот единец, ја зела од црквата иконата на свети Јануариј и ја положила на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот, по што нејзиниот син оживеал. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители…

Денес се празнува Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи…

Денес се празнува Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…

Денес се празнуваат Светите маченици Сергиј и…

Овие Свети и прекрасни маченици за верата…

Денес се празнува Светиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот…