Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски

t

Од младоста се подвизуваше во сите христијански добродетели. Како епископ, во местото на своето раѓање, во градот Синопа, на брегот на Црното Море, со пример и со Божествени зборови ги утврди правоверните во верата, а мнозина идолопоклоници ги обрати во вистинитата вера. Закоравените незнабошци се исполнија со гнев кон свети Фока. Господ му укажа на Фока за неговото маченичко страдање преку едно видение. Имено, тој виде светол гулаб како слетува од небото носејќи во клунот прекрасен венец од цвеќиња и како го спушта врз неговата глава. И чу Фока глас од гулабот: „Твојата чаша се наполни и треба да ја испиеш.“ Од тоа видение Божјиот угодник дозна дека наскоро треба да пострада за Христа. И не се уплаши, туку со благодарност кон Бога се подготвуваше за мачеништвото. Брзо по ова, некој кнез Африкан го подложи Фока на маки, му го претепа и му го изнарани телото, го остави в затвор, а потоа го фрли во зовриена вода, во која храбриот Христов маченик го заврши земниот живот и се пресели во радоста на својот Господ. Пострада во времето на царот Трајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се…

Соочен со зголемен притисок од САД, украинскиот…

Ристовски: Големите објекти се важни, но најважно…

Министерот за спорт, Борко Ристовски смета дека…

Двајца митрополити на СПЦ ја поддржаа Студентската…

Двајца архиереи на Српската православна црква во…

ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…

ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…

Силен земјотрес го погоди Тибет, загинаа 16…

Бројот на повредени во земјотресот со јачина…