Денеска се празнува Свети Амвросиј, епископ Медиолански

t

Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. По смртта на својот татко, царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан, денешно Милано. Кога умре епископот на тој град, падна голема расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на новиот епископ. По својата должност, заради одржување на редот, Амвросиј влезе в црква. Притоа едно дете извика на мајчините гради: „Амвросиј – епископ!“ Сиот народ ова го прими како глас Божји и наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ. Тој се крсти и за една недела ги помина сите претходни чинови и беше ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата меѓу незнабошците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на вистински христијанин и христијански пастир. Спиеше малку, работеше многу и Му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори. Овој богоугоден маж Бог го дарува со толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше, болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите…

Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…

На овој ден се празнуваат два настани…

Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…

Литија по улиците во центарот на Скопје…

Денес се празнува Светиот маченик Созонт

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…