Денеска се празнува Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

t

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути и почна да го советува да се одрече од верата Христова. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки. Но, Бог го сочува жив светиот Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра, пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат, Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова. Својот многутруден живот свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија очекува нови руски хибридни напади

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…

Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…

Паралелно со геополитичката криза се развива уште…

Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…

Иран се подготвува за поширок и посилен…

Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…

Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…