Денеска се празнува Свети Спиридон Чудотворец
Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично.
За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: измоли дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна Ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто, но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието.
Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ. Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им послужи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господа, во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…
Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…
Вработен во МВР возел без возачка и…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…
Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во…
Општина Центар – Скопје денес и утре…