Денеска се празнува Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господа Исуса, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Преображението на Господа на гората Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. По успението на Пресвета Богородица, свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство, мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабошците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, бидејќи не му наштети ни најлутиот отров, ни зовриеното масло во кое го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен, го испрати на прогонство на островот Патмос. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес. Имаше над сто години кога се претстави кај Господа. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…