Денес во Македонија пријатни временски услови
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер. Утре, а особено в сабота ќе засилува југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…
Расправија меѓу Филипче и Тајко Славевски за…
Во однос на објавената информација со изјавата…
Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот…
Финскиот претседател Александар Стуб ги демантираше извештаите…
„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…
Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…