Објавено на:

Денес е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

t

Денес е Меѓународен ден на писменост низ целиот свет, а оваа година се навршуваат 60 години откако беше прогласен од страна на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), а според најновите податоци, најмалку 739 милиони луѓе низ целиот свет сè уште немаат основни вештини за писменост.

Оваа година, овој Ден се одбележува под слоганот „Писменост за луѓето, планетата и просперитетот“, со кој УНЕСКО ја истакнува важноста на писменоста за вклучување на луѓето во општеството, одржлив развој, животни можности и економски напредок.

Според најновите податоци објавени од УНЕСКО по повод овогодинешното одбележување, најмалку 739 милиони луѓе над 15 години во светот сè уште немаат основни вештини за писменост.

Во исто време, четири од десет деца не го достигнуваат минималното ниво на способност за читање, додека 272 милиони деца и адолесценти не оделе на училиште во 2023 година.

Централната прослава на Меѓународниот ден на писменоста се одржува денес и утре во мексиканската држава Чијапас, во организација на УНЕСКО и во соработка со Владата на Мексико, а настанот е планиран да дискутира за напредокот и предизвиците во областа на писменоста и конкретните политики и решенија за нејзино подобрување низ целиот свет.

Дводневната програма ќе вклучува и церемонија на доделување на шест меѓународни награди на УНЕСКО за писменост, кои ги признаваат извонредните програми од различни делови на светот.

УНЕСКО нагласува дека е постигнат напредок во текот на изминатите шест децении, но дека писменоста останува фундаментално човеково право и еден од клучните предуслови за мир и одржлив развој.

УНЕСКО го прогласи Меѓународниот ден на писменоста во 1966 година на 14-тата сесија на Генералната конференција на организацијата, а се слави на 8 септември за да ја потсети меѓународната заедница на важноста на писменоста за поединците, заедниците и општествата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…