Денес е Светиот апостол Симеон: Го распнаа на крст како неговиот Господ кому верно му послужи на земјата

t

Според календарот на МПЦ, денес е Светиот апостол Симеон.

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град со голема мудрост и сила управуваше со Божјата Црква до длабока старост. Кога пострада имаше над сто години. Неговото страдање стана вака: во времето на царот Трајан беше покренато двојно гонење во Палестина – на потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвинија Симеон како оној којшто им припаѓа и на едните и на другите. Свети Симеон претрпе големи маки и најпосле го распнаа на крст, како неговиот Господ Кому верно Му послужи на земјата.

Тропар

Тебе, свештеноначалнику Симеоне, и цврст маченику, ние те славиме свештено како близок Христов роднина, којшто ја уништи заблудата, и ја сочува верата. Поради тоа, празнувајќи го денес твојот сесвет спомен, примаме прошка на гревовите, по твоите молитви.

Кондак

Имајќи го богоглаголивиот Симеон како преголема ѕвезда, денес Црквата болска од светлина, повикувајќи: Радувај се, чесен венецу на мачениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Началник на српско МВР: Главниот осомничен не…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав…

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став…

На почеток на кампањата за претседателските избори…

(Видео) Над 4.000 лица евакуирани откако пукна…

Над 2.000 станбени згради се поплавени во…

Осомничениот признал дека татко му и братот…

Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во…

Мојсоска: Нема компромиси со оние кои беа…

Воопшто не сум изненадена што новокомпонираниот патриот…