Денес навиваме за Македонија

t

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на Ц-сегментот е селекцијата на Летонија.

Голманот Столе Димитриевски посакува да одигра уште еден натпревар без примен гол.

– Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, тоа ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за овој меч, истакна Димитриевски.

Натпреварот се игра вечер од 20:45 часот на „Тодор Проески“ во Скопје.

По четири кола Македонија е лидер на табелата со 10 бодови, Ерменија и Летонија имаат по 4, Фарски Острови собраа 3 бода

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…