Објавено на:

Денес облачно и многу студено, утринските температури и под -10

t

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје малку до умерено облачно, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 2 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес во североисточните планински региони ќе има појава на локален снег, а утре слаб снег ќе провејува во планините на западот. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пролетта почнува утре во 16 часот и…

Пролетта почнува утре во 16 часот и…

Студено и сончево, со мала облачност

И денеска утрата се многу студени, а…

Временска прогноза: Променливо облачно, попладне дожд и…

Денес времето во Македонија ќе биде променливо…

УХМР: Денес сончево, од утре повторно дожд…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево…

УХМР: Времето денес ќе е суво и…

Во текот на денешниот ден, како и…