Денес облачно со повремен локален дожд, од утре следат големи промени
Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието ветерот ќе биде поизразен.
Во Скопје, времето исто така ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината постои можност за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Според најавите од УХМР, утрешниот ден ќе донесе стабилизирање на времето, со сончеви периоди и релативно топло време, проследено со мала до умерена облачност. Сепак, попладне ќе има услови за појава на локален слаб дожд, особено во планинските подрачја.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој ќе биде поизразен во западниот регион. Температурите ќе бидат пријатни, со максимални вредности од 18 до 26 Целзиусови степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов фронт на Блискиот Исток – Саудиска…
Регионалната војна на Блискиот Исток добива уште…
(Видео) Европа создава историја без Трамп –…
Со овации по секоја искажана реченица кажани…
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…