ДЕНЕС ПОВТОРНО НИ ДОАЃА НЕВРЕМЕ – УХМР најавува дожд и за викендот, а еве што особено ќе се случи со температурата од сабота
Периодот на нестабилно време ќе продолжи до сабота – претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа пороен дожд и грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
-Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се покачи, соопшти УХМР.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 35 литри на квадрат, навранало во Тополчани, 26 во Струмица и Крушево, 25 на мерна станица Пожар, 22 во Гевгелија и Прилеп, 21 во Тетово, 19 литри на квадратен метар во Дебар, 16 во Демир Капија, 14 во Битола, 13 во Штип, 12 во Пожаране, Скопје – Зајчев Рид и на Попова Шапка, девет во Куманово, осум во Маврово, седум во Берово, шест во Охрид, три во Виница, два литра на квадрат дожд се измерени во Скопје – Петровец, Крива Паланка и Претор.
Времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно, на повеќе места и особено во јужните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. Слично време и во Скопје каде што температурата ќе достигне 30 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русин доби казна за објавено видео од…
Судот во Санкт Петербург казни жител кој…
ЦУК: 11 активни пожари низ Македонија
Центар за управување со кризи: Информација за…
Трговска пресметка под сенката на Трамп: Меркосур…
Американските царини врз Бразил и пошироката трговска…
Туристички брод удрил во бетонски блокови на…
Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест…
Tрамп објави нова слика, го прогласи Ормускиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави на…