Денес седница во Владата на работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени
Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница во Владата, како продолжение на претходната на која се дискутираше за деловникот, методологијата и начинот на работа, а кој денеска треба да се најде на дневен ред.
Претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска претходно истакна дека не е определен рок но дека ќе работат интензивно на иницијативата.
Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции.
Претставници имаат и Кабинет на претседател, МНР и СЕП. Во ова тело нема претставници на опозицијата која одби да учествува во неговото работење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…