Денес се празнуваат Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

t

Трите се родени сестри од некое место во Витинија Азиска. Воспитани во христијански дух, се повлекоа од градот во пустината, сакајќи да го воздигнат својот ум кон Бога и да се ослободат од сиот лажлив свет и така да го проживеат овој век во чистота и девственост, како вистински невести Христови. Се предадоа на голем труд, пост и молитва, додека Бог не ги украси со дар на чудотворство. Кога почнаа кај нив да доаѓаат болни заради исцеленија, станаа прочуени наспроти нивната волја. Слушна за нив и кнезот Фронтон и ги довлече на суд. Кога ги виде, се зачуди од убавината на нивните лица. Бидејќи иако беа големи испоснички, и телото им беше суво, лицето им беше светло, озарено со внатрешен мир и Божествена благодат.

Кнезот најпрво им ласкаше и им ветуваше да ги испрати кај царот којшто би ги омажил за свои големци, но кога се увери дека неговите ласкања и ветувања немаат никакво дејство врз овие невести на Господ Исус Христос, нареди, па прво ја мачеа Минодора, а нејзините сестри ги фрлија во затвор.

По жестоките маки кнезот ѝ свика на Минодора: „Принеси им жртва на боговите!“ На ова, светата маченичка одговори: „Зар не гледаш дека ништо друго и не правам туку самата себеси Му се принесувам на жртва на мојот Бог?“ Кога света Минодора издивна во маки, тогаш кнезот ги изведе и останатите две сестри и ги постави покрај мртвото тело на Минодора, па покажувајќи на неа ги советуваше да се одречат од Христа. Но, бидејќи останаа непоколебливи и нив ги уби во големи маки. Во тој миг удри гром од небото и го погуби бездушниот Фронтон со неговите слуги. Христијаните чесно ги погребаа телата на светите маченички. Пострадаа меѓу 305 и 311 година, во времето на Максимијан Галериј и се упокоија во Христовото Царство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…

ПОЛСКА ИСПРАЌА МОБИЛИЗАЦИСКИ ПОВИЦИ: Во случај на…

Полска ги засилува организациските подготовки за евентуална…