Денес се празнува Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград
Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Полагањето на ризата на…
Во времето на царот Лав Велики (458…
Денес се празнува Пренос на моштите на…
Се празнуваат на 31 јануари. Под тој…
Денес се празнува Свети Сампсон Странопримец
Овој светител е роден од богати и…
Денес се празнува Преподобен Давид
Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината…
Денес се празнува Раѓањето на Свети Јован…
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата…