Денес се празнува Преподобен Максим Исповедник

t

Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева.

Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите.

Страдањето на свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затворан, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Пренос на моштите на…

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој…

Денеска се празнува Преподобен Давид

Родум солуњанин. Прво се подвизуваше во близината…

Пендаровски загрижен по вчерашниот протест на МПЦ-ОА:…

Никој не може да го оспори правото…

ИВЗ го поддржува протестот на МПЦ-ОА, но…

Исламската верска заедница го поддржува протестот кој денеска…

МПЦ-ОА денеска на протест против Предлог-законите за…

Отворање на Пандорината кутија од која ќе…