Денес се празнува: Светиот апостол Симон Зилот

t

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа.

Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле распнат на крст како неговиот Господ, Којшто му приготви венец на слава во бесмртното царство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Артемон

Беше свештеник во Лаодикија во времето на…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ…

Се спомнува во книгата на Откровението како…

Денеска се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан,…

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…

Денеска се празнува Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со…