Денес се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон

t

„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му:

„Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“.

При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светата великомаченичка Варвара

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто…

Денеска се празнува Светиот пророк Софониј

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново.…

Денеска се празнува Преподобен Алипиј Столпник

Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од…

Денеска се празнуваат Светите апостоли Архип, Филимон…

Архип беше еден од Седумдесетте. Апостолот Павле…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…