Денес се празнува Светиот пророк Малахија

t

Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел.

Често говореше со Ангелот лице в лице. Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат лицето. Она што му го јавуваше Ангелот, младиот пророк го пророкуваше. Викаше кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници. Петстотини години пред Христа јасно ја прорече појавата на свети Јован Крстител. Но, главно, тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се претстави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Либија се заканува: „Ќе се одмаздиме“! Дали…

Двајца либиски поморски офицери им подлегнаа на…

Зетот на Трамп тврди дека Путин дал…

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд…

Руте: Притисокот на Трамп врз Путин функционира…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го…

Кошта и Фон дер Лајен: Проширувањето е…

Геополитичката состојба ја нагласува потребата од сè…

Аракчи тврди дека Тел Авив сака да…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…