Денес се празнува Светиот свештеномаченик Теодот

t

Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата мудрост и доблеста го избраа за епископ, а тој со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја. Кога настана гонење на христијаните, во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки. Кога мачителот Савин го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на незнабожечките идоли, Теодот му одговори: „Да би ја знаел ти добрината на мојот Бог, на Кого се надевам дека заради овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот, и самиот би посакал да пострадаш за Него вака како јас“. Му удираа клинци во телото, а тој Му се молеше на Бога со благодарност; па мислејќи дека крајот му е близу, ги советуваше и ги поучуваше христијаните што беа околу него. Но, по Божја Промисла, царот Константин во тоа време објави слобода за христијаните и нареди да бидат пуштени сите што се под суд заради Христа.

Тогаш го ослободија и овој светител и така изнамачен се врати на епископската столица во Киринија и поживеа уште две години. Потоа се упокои во Господ, Кому верно Му служеше и за Кого многу пострада. Земниот живот го заврши и замина во дворците Господови во 302 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров во посета на Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Филипче: Имаме план како да вратиме дел…

Др- Венко Филипче, денес учестувуваше на трибина…

Австралија ќе назначи специјален советник за истрага…

Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој…

МВР: Лице барано со потерница спроведено во…

Денеска (07.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето…