Денес се празнува: Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија
Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани.
Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите“. Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го виде во неволја, притекна кај него и пролеваше солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабошците.
После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…
Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…
Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…
Во местото Горице, во близина на Брчко…
„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…
Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…
Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…