Денес се празнува Светиот свештеномаченик Картериј

t

Свети Картериј живееше во времето кога царуваше императорот Диоклецијан. Тој беше свештеник и учител на христовата вера во Кесарија Кападокиска, во времето на управувањето на прокураторот Урван. Тој изгради храм Божји, собра околу себе многубројна паства која ја поучуваше да го почитува Христа со Отецот и Светиот Дух како Единствен вистинит Бог. Ревносниот служител Христов беше наклеветен пред прокураторот, и затоа се сокри.

Но, Господ му се јави и му рече: „Картериј, оди и застани пред прокураторот, Јас ќе бидам со тебе. Ти претстои многу да пострадаш заради Моето име, но многумина преку тебе ќе поверуваат и ќе се спасат.“ Светителот се исполни со голема радост, Му заблагодари на Господа и го извести прокураторот каде живее, па го фатија и го ставија во затвор. Кога беше изведен пред прокураторот, му беше наредено да принесе жртва пред Серапис (египетско божество што се почитуваше и во Римската империја). Но, по молитвата на светителот, статуата на лажниот бог се сруши на земја.

Тогаш, по заповед на прокураторот, 16 војници почнаа да го бијат со палки исповедникот Христов, откако четворица од нив го легнаа на земја. Потоа, мачителите го обесија светиот Картериј на дрво и му ги извадија ноктите на рацете и нозете, а телото му го растргнуваа со железни куки. Но, на маченикот му се јави Ангел Господов и му ги излекува раните, па тој остана неповреден по сите тие тешки измачувања. Мачителот заповеда да го симнат од дрво, да му ги прободат стапалата со железни прачки и да му стават на градите вжештено железо и да го седнат на вжештена железна столица, а со прачките да му ги истегнуваат нозете.

После тие тешки мачења, маченикот беше фрлен во затворот. Вечерта му се јави Господ Исус Христос, го исцели и го ослободи од веригите и го изведе од затворот. Кога луѓето го видоа маченикот исцелен од сите тешки рани кои му беа нанесени, поверуваа во Бога и почнаа да се крстат, добивајќи истовремено исцелување од болестите од кои страдаа. Мачителите повторно го фатија Картериј и повторно го измачуваа: на нозете му беа обесени тешки камења, беше биен со палки по стомакот, го гореа со оган и на раните му ставаа сулфур и смола.

Во устата му ставаа стопено олово, а на главата вжештен шлем. На крај, го фрлија во оган, но маченикот пеејќи благодарствени песни излезе неповреден од огнот. Тогаш еден евреин, кој присуствуваше на мачењето, се разгневи и фрли копје кон него, нанесувајќи му смртоносен удар во ребрата. Од раната на светиот маченик излезе голема количина вода, а потоа и крв и маченикот Христов Му ја предаде на Бога својата света душа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ…

Се спомнува во книгата на Откровението како…

Денеска се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан,…

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…

Денеска се празнува Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со…

Денеска се празнува Преподобен Јован Лествичник

Писателот на прочуената Лествица. Дојде на Синајската…