Денес се празнува: Свети Тихон, епископ Аматунтски
Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието.
Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И имаше во тоа време голем успех. По долгите подвизи на лозјето Господово, се пресели во блажената вечност, околу 425 година. Наречен е Чудотворец заради големиот број чуда што ги направи за време на животот. Татко му беше пекар. Кога и да го оставеше во дуќанот, тој им го раздаваше лебот на сиромасите.
Еднаш татко му го укори за тоа. А тој Му се помоли на Бога и житницата им се наполни со жито, така што со мака ја отворија. Другпат, пак, засади суви прачки во лозјето, а од нив зазелене лоза и во свое време донесе плод
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора ќе ја поддржи Македонија кога…
Црна Гора ќе ја поддржува Македонија на…
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
„Сам одлучив да ги запалам“: Обвинетиот за…
Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски…
Танкер во Ормуската Теснина е погоден од…
Танкер во Ормуската Теснина денеска е погоден…